fbpx
-8 C
Skopje

ФРОДЕМ бара претседателот и Владата да предложат резолуција во ОН за признавање на Македонија под уставно име

АКТУЕЛНО

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

ФРОДЕМ и професорот Игор Јанев ги повикуваат претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев да поднесат предлог-резолуција до Обединетите нации со која би се признало нашето уставно име.

– Почитуван Претседателе на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов, почитуван Претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, почитувани министри во Владата на Република Македонија. Соочени со сé поголемиот притисок за промена на нашето уставо име, како и непринципелните и навредливи ставови и предлози кои доаѓаат од претставници на парламентарните политички партии во Република Грција, јавно се обраќаме до Вас со замолница да ја поднесете подготвената Нацт Резолуција од наша страна, до Генералното Собрание на ОН. Повеќе сме од сигурни дека наведените аргументи и факти се на наша страна и дека членките на Генералното Собрание на ОН ќе ја донесат вистинската одлука во интерес на правдата и вистината, се вели во повикот до македонските власти од ФРОДЕМ и проф. Игор Јанев.

НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
Генерално собрание,
Имајќи предвид дека “Поранешната Југословенска Република Македонија”, која е примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес е признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со нашето уставно име и дека преговорите со Република Грција во врска со името на држава не дадоа никаков резултат,

Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на ОН,

Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,
Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,
Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Повреда при раѓање му ја парализирала раката на малиот Михаил, за лекувањето потребни 15.000 евра

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за...

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

Мицкоски најавува блокaда на Скопје: Колку е паметно да се одржуваат протестит за време на пандемија?

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протести со движење на колони возила низ улиците на 11 градови во државата против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата,...

Поради неговата сопруга била напишана песната „Македонско девојче“: ТАЖНА ВЕСТ – почиna зетот на пејачката Виолета Томовска

Зоран Росоманов, зетот на македонската фолк-легенда Виолета Томовска почина од последици на ковид-19. За сопругата на Зоран, Невенка, е испеана легендарната песна „Македонско девојче“....

Зад себе има два неуспешни брака: Колку тежи познатиот актер од Истанбулската невеста

Како што ви е веќе познато Оскан Дениз го глуми Фарук од хит серијата Истанбулската невеста. Оскан е роден во Анкара на 19ти Мај...
- Advertisement -