fbpx
21.8 C
Skopje

Георгиевски: На сите им ја честитам третата албанска држава во регионот

АКТУЕЛНО

„На сите им ја честитам третата албанска држава во регионот“. Ова е првата реченица на поранешниот претседател на Собранието, Љубиша Георгиевски, прашан како го коментира изборот на Талат Џафери за прв човек на законодавниот дом, пишува Дневник.

Целосно е јасно дека изборот на Џафери е прекршување на сите деловници и правилници за работа на Собранието и вака не може да помине. Ова е само една голема пародија, но затоа, пак, на сите сакам да им ја „честитам“ третата албанска држава. Ова не е ништо друго само остварување на големиот албански сон, вели Георгиевски за „Дневник“.

На прашањето, дали и зошто процедурата е нелегитимна, поранешниот претседател објаснува оти сè е незаконско од моментот кога актуелниот претседател Трајко Вељаноски ја затворил седницата. Потоа немањето записник од текот на расправата, и самиот факт што постојниот претседател не ја водел расправата за прогласувањето на Џафери, гласањето и броењето на гласовите, ништо не е според правилата.

„Со други зборови ова е качачка процедура. Kачаци влегоа во парламентот, си избраа нелегитимен претседател, претходно испеаја химна од туѓа држава на говорница. Или како што напиша еден наш поддржувач на „Твитер“, политичар од Грција: со растењето на албанската мафија од која се во опасност сите градови во Европа, расте и се множи албанската држава“, вели Георгиевски.

„Не сум правник, но знам дека има правни механизми. Но пострашно е што Европската Унија н` постави во ситуација да избираме меѓу Еди Рама и Никола Груевски. Најстрашното, пак, е што ако остане Џафери на позицијата, никој не би можел да го спречи, на пример, во даден момент, да прогласи анексирање на Македонија кон Албанија“, нагласува Георгиевски.

Тој го осудува насилството и вели дека може да помогне на секаков можен начин, како искусен функционер во институцијата, која во моментот е злоупотребена и повредена.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -