30.8 C
Skopje
Monday, July 14, 2025

Грнчаров: Аеродром ќе ја претвориме во вистинска спортска општина

Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, Тони Грнчаров, денес во изјава за медиумите најави дека нивната заложба како советници и нова власт ќе биде Аеродром да се издигне во вистинска спортска општина.

„Ивица Коневски МЗТ го претвори во лична своина. Потребна е поддршка и развој на младите таленти за во МЗТ конечно да заигра некое маалско дете. Локалната власт не даваше никаква поддршка за развивање на спортот во општината. Во Аеродром умира спортскиот дух и се губи ентузијазмот на младината. Нашата клучна заложба е: ќе вложуваме во спортистите, а не само во терените.Ќе обезбедиме услови за развој на рекреативниот и професионалниот спорт. Ќе се формира спортски општински фонд наменет за поддршка на општинските клубови и стипендирање спортисти“, изјави Тони Грнчаров.

Тој најави и дека ќе се организираат различни спортски турнири со цел да ги врати младите на терените и да имаат можности за напредок. Потсети и дека Аеродром ќе биде модерна и отворена општина за сите.

„Ќе го вратиме аеродромскиот дух, и младите на терените.Редовно ќе се одржуваат спортските игралишта во општината и ќе се поддржуваат традиционалните спортски турнири. Ќе го вложам сиот мој капацитет за младите луѓе да имаат можности за напредок во нашата општина. Аеродром да биде модерна општина којашто се развива европски. Општина која нуди услови за квалитетен живот на сите граѓани“, додаде Грнчаров.

поврзани објави

     

Последни објави