fbpx
24.8 C
Skopje

Игор Џамбазов за празникот Голема Богородица се јави од Гари (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Актерот Игор Џамбазов денеска го посети селото Гари. Токму на големиот христијански празник Голема Богородица тој на социјалните мрежи сподели видео на кое ги прикажува убавините на ова село.

Гари е мијачко село во околината на градот Дебар. Сместено на падините на планината Стогово, под шумата наречена Канеш, а низ самото село поминува Гарска Река, која претставува заштитен споменик на природата.

Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповси Гарката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -