fbpx
11.8 C
Skopje

Игор Југ викаше кон судијката: Судите 33 Македонци, каде е српскиот шпион Живаљевиќ?

АКТУЕЛНО

Еден од обвинетите лица за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија Игор Југ денеска на продолжението за настаните од 27 април поставуваше прашања до екс-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кадар од политичката партија ДУИ.

Според пишувањата на порталот А1он, обвинетото лице Игор Југ покрај упатените прашања до Нухиу за тоа дали имал информации од УБК дека полицајци на тајната полиција, од петтата управа биле распоредени околу Собранието во 17 часот и дали добил инфмроации дека ветерани на УЧК и активисти на ДУИ од повеќе градови, тргнале накај Скопје со оружје, и викал и на судијката Добрила Кацарска, упатувајќи и ги зборовите: Отстранете ме од судницата. Судите 33 Македонци. Каде е српскиот шпион Живаљевиќ.

На ова судијката Кацарска го предупредила да не си ја отежнува состојбата во која што се наоѓа и дека таа не одлучува кој е обвинет, туку Обвинителството.

Целиот напис можете да го прочитате на порталот А1он.мк ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -