fbpx
12.8 C
Skopje

Илиевски: Извојувавме голема победа – Нема претседател на Собранието!

АКТУЕЛНО

Еден од основачите на граѓанската организација „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски на денешниот протестен марш, од пред Собранието на Република Македонија истакна дека тие извојувале голема победа со тоа што не бил изгласан претседател на Собранието.

„Во петокот сакаа Тиранска Влада, денес сакаа претседател, ниту една од двете желби не им се исполни благодарение на сите вас на улиците низ цела Македонија. Стануваме се повеќе и повеќе и возможно е да ги менуваме работите, со нашиот ангажман, со нашето присуство, со гласно искажување на нашата љубов за заедничка Македонија и на нашите барања од кои не отстапуваме, отфрлање на Тиранската платформа од сите политички субјекти“, вели Илиевски.

Тој додаде дека стравот не живее веќе во нив и упати апел до граѓаните да продолжат да доаѓаат меѓу нив.

„Мислеа ќе ни го наметнат чувството на срам да ја сакаш и да се бориш за својата држава. Никој овде не се срами што е Македонец, со ова знаме, што ја пее македонската химна. Сите сме горди и ги менуваме работите. Нема претседател на Собранието“, вели Илиевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -