fbpx
13.8 C
Skopje

Инспиративни цитати од Мишел Обама кои ќе ви го разубават викендот

АКТУЕЛНО

На САД можеби им недостасува Барак Обама, но неговата сопруга Мишел му недостасува на целиот свет. Првата дама ги освои срцата на милиони со своите природност, срдечност и интелигенција. Ве потсетуваме на некои од најпознатите нејзини изјави.

-„Искреноста има значење. Успехот не се брои, ако не си го постигнал на чесен начин.“

-„Секогаш животот ќе е удобен. И не може да ги решите сите проблеми во светот. Но не ја потценувајте сопствената важност. Историјата ни покажала дека храброста е заразна“ -„Колку цврсто работиш има поголемо значење од тоа колку заработуваш. Да им помагаш на другите има поголемо значење од тоа да се издигнеш над нив“.

-„Една од најважните лекции со кои пораснав, е секогаш да останам верна на себе и да не дозволувам некој да ме оттргне од моите цели. Кога слушнам негативни коментари, не инвестирам енергија во нив, бидејќи знам која сум.“

-„Успехот е значаен и сладок, кога си го постигнал сам.“

-„Јас сум пример за тоа што може да постигнат девојките, ако уште од почетокот на својот живот се сакани и поддржани од луѓето околу себе. Бев опколена од неверојатни жени кои ме научија на тивка сила и достоинство.“

-„Има многу каузи, поради кои саможртвата вреди. Постои многу историја, која мора да се создаде.“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -