fbpx
1.4 C
Skopje

Иванов одржа срамен партиско-политички говор, велат од СДСМ и Владата

АКТУЕЛНО

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

Убава вест: Сите кои имаат возила на бугарски таблички, ќе можат да ги регистрираат возилата во Македонија со 50 % помали давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата нa Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од...

Шахпаска: Очекуваме одговори од министерствата за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да...

Николовски: Реализирана обука за практична примена на Кодексот за етичко однесување

Спроведувањето на обуката на членовите на Владата за практична примена на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции...

Годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во парламентот, според СДСМ е „срамен и партиско-политички говор, со што Иванов уште еднаш докажа дека ниту бил ниту ќе биде претседател на сите граѓани“. Владејачката партија вели дека покрај тоа, претседателот Иванов покажал дека „не може да излезе од политиките на раздор и поделби“. СДСМ вели дека е чудно што Иванов денеска навел теми за кои една деценија молчел.

„Ѓорге Иванов цели десет години молчеше и ниту еднаш не најде за потребно да реагира против масовната партизација на јавната администрација и општеството, за полициско-судско-политички монтирани процеси против тогашната опозиција и неистомислениците на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста со години беше лишена од ставовите и мислењата на Иванов околу загадувањето на воздухот, грабежот на јавното добро, политичките пресметки и реваншизам, угнетувањето на медиумите и затворањето новинари, нападот врз демократијата на 24 декември 2012 година, за насилствата во Собранието на 27 април, изборните неправилности и останатите проблеми кои се провлекуваа со години“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Со реакција на говорот на претседателот на Република Македонија во Собранието се огласи и Владата, која порача дека „претседателот Иванов останува заробен во делбите во време кога Македонија е свртена кон обезбедување благосостојба на своите граѓани“.

„Наместо да настапи државнички, денеска Ѓорѓе Иванов кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни делби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите за градење на едно, единствено и заедничко општество. Наместо општество на заедништво и на обединување во еден историски и клучен момент за Република Македонија, нејзиниот претседател се обиде да го доведе во прашање дигнитетот на институциите на системот со тоа што владеењето на правото и принципот на одговорност на сите без исклучок, пред правдата, го изедначи со реваншизам“, порача Владата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Од денес: Сите кафулиња, барови, клубови, обложувалници и трговски центри ќе работат само до 18:00 часот во соседна Србија

Работното време на ресторани, кафулиња, барови, клубови, обложувалници и трговски центри е скратено од денес до 18 часот, како дел од мерките донесени од...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

Убава вест: Сите кои имаат возила на бугарски таблички, ќе можат да ги регистрираат возилата во Македонија со 50 % помали давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата нa Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од...

Викенд диета: До понеделник 3 килограми помалку

Викенд диетите се многу популарни бидејќи се едноставни, траат кратко, а бидејќи за време на викендот сте дома можете да посветите внимание на тоа...

Шахпаска: Очекуваме одговори од министерствата за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да...
- Advertisement -