fbpx
17 C
Skopje

Иванов побара гаранција, Заев ја обезбеди: Во понеделник НОВА ВЛАДА!

АКТУЕЛНО

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не успеа да се договори со ДУИ и да формира Влада во предвидениот рок, од извори блиски до СДСМ дознаваме дека тие се многу блиску до договор за Влада во која ќе влезат со ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците.

Новата Влада се очекува да се формира во текот на следната недела, а според неофицијалните информации до кои дојдовме, премиер на таа Влада ќе биде претседателот на СДСМ Зоран Заев, додека другите политички партии од албанскиот блок ќе ги добијат функциите претседател на Собранието на Република Македонија, како и Министерството за култура, додека се уште се преговара за Министерството за внатрешни работи за кое како што неофицијално дознаваме има големи барања од страна на албанските политички партии.

Што се однесува до платформата не е познато кои точки се прифатени од истата и дали и што прифатиле од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -