17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Избројано колку пати Груевски го спомна Бранко во својата политичка кариера (Видео)

Веројатно кога го прочитавте овој наслов, решивте да го отворите линкот и да прочитате дали навистина е возможно да биде избројано колку пати екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го спомнал по поранешниот претседател на Република Македонија и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски. Но, ако следите политика, ќе знаете дека тоа е тешко да се случи, особено ако се земе во предвид ривалството кое беше огромно меѓу двајцата, за што Груевски често знаеше да го употреби терминот „Бранко е крив“.

И двајцата политичари се со огромно политичко искуство, но и богата политичка кариера зад себе. Едниот беше министер во Владата на Љубчо Георгиевски, а потоа стана и претседател на најголемата македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, додека другиот Бранко Црвенковски, долги години потоа мачеше мака за да го симне од власт. Во тоа не успеа, а неговото место во СДСМ го презема сегашниот премиер Зоран Заев, кој преку проектот „Вистината за Македонија“, но и преку објавувањето на бомбите, успеа да го тргне Груевски од премиерското столче.

Во секоја една држава, нормално е политичките елити да бидат критични едни спрема други, но во Македонија остана запаметена реченицата: Бранко е крив! Едноставно, и да не сакате да мислите дека е крив, тоа некако како да одѕвонуваше во главите на луѓето цели 11 години. Дали преку билборди, дали преку рекламни спотови на телевизија, едноставно Бранко беше најспоменуваната личност, особено од устата на неговиот тогашен политички ривал, Никола Груевски.

Па така, дури шетавме по социјалните мрежи, наидовме на интересно видео, во кое можете да го слушнете името и презимето на Бранко Црвенковски безброј пати. Ако не верувате, еве погледнете во видеото и пробајте да размислите колку пати можете да го слушнете тоа „Бранко“, „Бранко“.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави