fbpx
19.8 C
Skopje

Ја прикачија сликата на Фејсбук, а потоа грдно се покајаа: Четворица Македонци наречени убијци и монструми, им следи строга казна

АКТУЕЛНО

Ана Арсовска, член на Асоцијацијата која со години со нејзиниот сопруг се грижи за утки и други птици во Македонија, не може да верува дека се случил ваков масакр на јастреби.

По вистинска кампања на социјалните мрежи, двајца ловци Н.С (40) и Г.М (39) од Битола, кои во почетокот на октомври на Фејсбук се пофалија со уловени и врзани златни орели, очекуваат казна за кривично дело „злоупотреба на животни“. Ова предупредување како да не беше доволно за другите несовесни ловци, па деновиве на Фејсбук се појави уште една слика на четворица луѓе кои весело позираат со цела колонија убиени јастреби, птици заштитени со закон.

– Кои се овие монструми? Дали се свесни што направија? Ве молам помогнете ни да ги најдеме – објави на својата Фејсбук страница здружението за заштита на птици во Македонија.

– Најтрагично е што ова не се случува за прв пат. Овие несовесни луѓе убиваат птици заштитени со закон. На нив треба да им се одземе дозволата за оружје, но и да им се суди. Некој треба да биде казнет со казна затвор и тоа да биде пример за сите оние кои во иднина би посегнале по животот на птиците – вели Арсовска.

Луѓето на социјалните мрежи кои веќе идентификуваа двајца од четворицата ловци, бараат казна за убијците на птиците кои важат за чистачи на природата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -