20.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Јапонски министер поднесе оставка поради непримерен коментар

Јапонскиот министер задолжен за обнова на областите уништени по ударот на цунамито и катастрофата во Фукушима 2011 година поднесе оставка поради непримерен коментар.

Масахиро Имамура за време на една забава организирана од пратениците на владејачката Либерално демократска партија изјави дека е подобро што таа несреќа го погодила североистокот на земјата, а не Токио.

Овие негови коментари следат само неколку недели по уште еден инцидент во кој беше вклучен Имамура.

Тој тогаш со потценување говореше за луѓето кои од страв ја напуштиле Фукушима, па со висок тон им се обратил на новинарите и на крај ја напуштил салата. Поради ваквото однесување тој беше опоменат од премиерот Шинзо Абе, кој се извини во името на министерот.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави