18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Јоце Панов за конфликтот со Панчо: Не може да се тепаме, може само да го тепам! (ВИДЕО)

Јоце Панов беше гостин во вчерашното издание на Ексклузив. Одлично си ја завршија работата младите водители Стефан Лазаров и Николина Славковска, а Стефан го повика како засилување и Зоран Василевски Фаци.

Токму Зоран имаше интересни прашања за Јоце, па тој за Ексклузив откри доста интересни работи за себе, свадбата, каква кола вози, но и за конфликтот со Панчо од ДНК.

Македонскиот пејач Јоце Панов, во гостувањето во „Ексклузив“ на 1 ТВ проговори и за несогласувањата со Владимир Блажев – Панчо од ДНК. Панов се уште не знае зошто толку, како што вели, негативни коментари биле испратени на негова адреса од членот на ДНК.

„Не разбирам зошто сум му влегол во очи на Панчо. Можеби дека сум цело време актуелен. Јас сум човек што постојано работи. Не сум се сретнал лично со него“, порача Панов.

Погледнете го гостувањето на Јоце Панов:

поврзани објави

     

Последни објави