fbpx
18.7 C
Skopje

Јужнокорејската армија е подготвена да реагира итно на евентуална провокација од Пјонгјанг

АКТУЕЛНО

Јужнокорејската армија е подготвена да реагира итно на евентуална провокација од страна на Северна Кореја, изјави денеска портпаролот на Генерал штабот.

Тој сепак напомена дека засега јужнокорејската армија не забележала никакви невообичаени дејствија во Северна Кореја, кои наликуваат на провокација.

Портпаролот заканите од Пјонгјанг да ја нападне американската територија Гуам ги означи како предизвик кон Јужна Кореја и сојузот меѓу Вашингтон и Сеул.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин свика за денеска вонредна седница на Советот за национална безбедност посветена на ракетната закана од страна на Северна Кореја.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -