fbpx
12.8 C
Skopje

Како да го отстраните непријатното чувство на воспалено грло

АКТУЕЛНО

Поради собирање на воспалена слузница во грлото, можете да имате речиси постојано непријатно чувство. Проблемите кои ги создава слузницата или воспалениот секрет понекогаш тешко е да се дијагностицираат и лекуваат.

Опишаните проблеми често се припишуваат на синуситис, што се лекува со разни спрејови за нос но не е чудо ако овие симптоми всушност немаат никаква поврзаност со синусите, особено ако не се придружени со затнат нос или непрекинато течење на носот.

Најдобар начин со сигурност да се утврди дали страдате од синуситис или не е преглед кај хирург оториноларинголог.

И додека е сосема нормално носот да произведува големи количини слузница – која кај повеќето луѓе поминува низ грлото без тоа да го забележат, некои пациенти тоа го чувствуваат многу силно.

Чувството дека понекогаш слузта ќе се „залепи“ за задниот дел на ѕидот на грлото е многу непријатно, а може да предизвика и враќање на желудочната течност или киселина. Со преглед кај специјалист кој ќе користи метод на ендоскопија и флексибилен телескоп кој минува низ носот, проблемот може да се дијагностицира. Ако проблемот предизвикува желудочна киселина наједноставен третман се средства кои ја намалуваат киселината пред и по јадењето.

Кај некои пациенти овој проблем не може да се идентификува. Во тој случај единствено што преостанува е олеснување на симптомите. Се советува пиење на големи количини вода бидејќи дехидрацијата може да ја направи слузта уште понепријатна. Некои луѓе утврдиле дека минералната вода им е особено корисна за прочистување на грлото.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -