fbpx
10.8 C
Skopje

Каракачанов: Камповите за бегалци не треба да се наоѓаат во Бугарија или Македонија

АКТУЕЛНО

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов изјави дека камповите за бегалци не треба да се наоѓаат на територијата на Европа, а уште помалку во Бугарија или Македонија. За пратениците од коалицијата Обединети Патриоти во бугарскиот парламент, недозволиво е на територијата на Бугарија и Македонија да се отворат бегалски кампови.

Викендов стана познато дека 14 земји меѓу кои и Грција се договориле за враќање на мигранти на нивна територија. Карачанов ја поздравил одлуката на премиерот Борисов, Бугарија да гласа против овој договор.

„Ние отсекогаш се залагавме за затворање на границите за мигранти“- изјави Каракачанов и изрази задоволство за тоа што и европските лидери веќе размислувале во таа насока.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -