fbpx
-3 C
Skopje

Карапетрова: Владата на СДС официјално призна дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ беа позитивни

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Неспособната влада на СДС ја клекна економијата на колена, Република Македонија е пред рецесија, а стопанството е пред колапс. Со секој изминат ден и со секој нов објавен податок се гледа дека црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев немаат капацитет да ја водат оваа држава. Граѓаните секојдневно ја гледаат разликата меѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од СДС кој ја носи државата на прагот на сиромаштија ВМРО-ДПМНЕ отвораше нови работни места, носеше странски инвеститори и водеше стабилна економска политика.

Ова денеска го изјави Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Владата на СДСМ официјално признала оти економските политики на ВМРО-ДПМНЕ беа позитивни.

Министерството за финансии на својата официјална страна излезе со објавен документ „Програма за реформа на управување со јавните финансии“  кој е поминат на влада. Во оваа програма се наведува дека Македонија ја зачувала својата економска стабилност во текот на глобалната финансиска, економска криза и должничката криза во евро-зоната. Се кажува дека фиксниот девизен курс во однос на еврото успешно ја задржал својата стабилност. СДС константно излегуваше со изјави дека ВМРО-ДПМНЕ води лоша и погубна економска политика но сега тотално се демантира со „Програмата за реформи на управување со јавните финансии“. Ова се потврдува од овие два документи почитувани граѓани, кои се објавени на страната на  министерството за финансии, истакна Карапетрова.

Според неа, во оваа програма стои дека од глобалната криза во 2008 година во која ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, растот е меѓу најсилните во регионот.

-Ова е само уште еден доказ дека актуелната влада на чело на СДС постојано ги лаже и манипулира  граѓаните на Република Македонија. Исто така во програмата стои наведено дека Македонија остварила впечатлив напредок по намалувањето на невработеноста. СДС лажеше дека невработеноста фиктивно се намалува. СДС ги манипулира граѓаните со зборување на невистини кога фактите зборуваат нешто друго. Фактите кажуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна стратегија за намалување на невработеноста и од огромни 33% ја намали на  невработеноста на 22%. Во оваа програма се наведува дека е постигнат голем напредок во подобрување на управувањето со јавните финансии во изминатите години и тоа се потенцира дека е благодарение на реформите со кој се трасирал патот за прием во Европската унија. Знаеме дека СДС постојано обвинуваше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја запира и ја кочи евро интеграцијата. Со ова се потврдува сосема спротивното, посочи Карапетрова.

Потенцира дека на лицемерието и на лагите на СДСМ им нема крај.

-Вакви лажговци ја водат државата и економијата. Луѓе кои зборуваат како им налага ситуацијата, а не како да се водат од фактите и бројките. Лагите на СДС мора да сопрат. Ова мора да престане. Граѓаните на Македонија ќе му стават крај на ваквото однесување на 15-ти октомври на локалните избори, рече Карапетрова.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...
- Advertisement -