fbpx
5 C
Skopje

“Ќе раѓаш сè додека не ми родиш машко и точка” – така и беше

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Во брак сме 12 години. Не можам да се пожалам на тоа дека мојот маж не е грижлив, нежен кон нашите две ќерки, но тој има една желба… да му родам син наследник.

И се во нашиот брак функционира до таа точка. Имам 35 години и се плашам што ако следното дете не биде машко и не му ја исполнам таа желба. Јас сакам уште едно бебе, но полот не ми е важен.

Не можам да кажам дека нема да сака уште едно девојче, но знам дека многу ќе сака да е машко, тоа е толкав товар, вели една мајка која не звучеше баш среќно.

Таман кога ќе помислиме дека живееме во 21 век, во современо време каде нема место за старите обичаи, предрасуди и работи кои биле голем товар на жените, ете сепак некои останале до ден денес.

Да се роди машко, син наследник, внук на баба и дедо, гордост на тета и вујко, живот на тато, на мама… Мислите дека тоа веќе го нема? И ден денес многу мајки се соочуваат со тоа, а еве и некои други примери.

Четврто па машко

Жената долго време не можела да има деца, се лекувала од стерелитет. Родителите и роднините на мажот постојано ги притискале за потомство, па имало дури и „совети“ мажот да ја остави и да најде друга жена која ќе може да роди. Мажот бил истраен и останал покрај својата жена.

Добиле две ќерки, а потоа и трета. Семејството се смирило некое време, но вистинскиот спокој настанал дури кога родила син! Тогаш станала омилена снаа.

Нема син и точка!

Во овој случај жената родила девојче. Сите биле радосни. Потоа повторно родила девојче. Сите повторно се радувале, но забележале дека „подобро би било второто да е машко“. Почнале да вршат притисок за трето дете. Жената не сакала трета бременост, сакала да работи.

Немало посета од страна на неговото семејство без да се спомене нивната семејна состојба. „Имаш две ќерки, зошто сега не би родила син“? Почнала борбата и со својот маж кој попуштил на притисокот на семејството. Бракот почнал да страда, но жената не се давала. Успеала да истрае до крај.

Мајка кралица

Жената имала еден син кога го сретнала својот иден маж. Неговото семејство било против тој брак, бидејќи не сакале нивниот син да има жена со „минато“. Сепак тоа било мал град и се лесно се дознавало. Нивната љубов била посилна. Првото дете во бракот било машко!

Каква радост во семејството, се родил наследник. По неколку години родила уште еден син – свекрвата и рекла дека е „мајка кралица“. А нејзиното минато? Како со рака избришано. Нејзиниот син од првиот брак исто така бил сакан. Би се рекло дека жената „имала среќа“.

Машко, па и со помош на бајачка!

Убав и успешен пар, двајцата директори во големи компании. Имаат две ќерки, слатки како мед. Меѓутоа мајката многу сака да има син. Тоа е и желба која може да се разбере, меѓутоа жената во намера да го добие тоа што го сака отишла предалеку. Побарала помош од една бајачка која знаела рецепт како третото да биде машко.

За крај една приказна од село

После две девојчиња жената останала бремена со трето дете. Мажот бил премногу среќен, сакал уште едно дете, па макар се случило и така случајно.

Следела еуфорија – жената родила син!

Шатор, оркестри музика, општонародна веселба! Така било и за првиот роденден на детето! Се било убаво, но за девојчињата никој не отворил шатор во дворот…

Убаво е што се раѓаат деца, меѓутоа најважно во животот е да уживаме во нашите деца, женско, машко, потполно неважно. И женското дете е достоен наследник, или како што велат некои мажи „не би ја менувал ќерката за ниту еден син“!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

НОВА ГОЛЕМА ТРАЕДИЈА ВО МAKЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЖ ОД СКОПЈЕ ОТКАКО ПАДНА ОД КAPПА

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75). Тој паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“,...

МВР ги приведе Миленко Неделковски и Александар Пандов

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П....

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...
- Advertisement -