fbpx
26.8 C
Skopje

Керим: Северна е добро решение, ние и онака сме во северниот дел од Македонија, а централна и јужна припаѓа на Грција

АКТУЕЛНО

Поранешниот министер и амбасадор, Срѓан Керим, вели дека идентитетот не може да биде загрозен со промена на името на државата во Република Северна Македонија. Северна, според него е само географска одредница.

Според Керим подобро решение ќе беше без ерга омнес, но прифаќањето на овој услов бил единствениот начин да се постигне договорот, имајќи го во предвид односот на силите.

-Во името е останато Република и Македонија. Сега сме Република Северна Македонија, Северна е географска одредница. И факт е дека нашата држава е во северниот дел на Македонија. Зошто им е тоа на Грците важно? Затоа што поголемиот дел на Македонија е во Грција, и централниот и јужниот дел. Тоа е таа дистинкција што се бараше. Факт е дека државата се вика Македонија. Север е една од четирите страни на светот, а Македонија е името на државата. Тоа е клучно и тоа е поентата. Оваа држава си беше и си остана Македонија – изјави Керим во интервју за емисијата „Само вистина“.

Во врска со идентитот Керим додава:

-Ќе мора некој психолошки и политички да ми објасни ако некој се чувствува Македонец, сега како ќе се чувствува северномакедонец, тоа е смешно. Има северна Ирска во Велика Британија и тие се декларираат како Ирци – посочува Керим како пример.

Според него има постојано обиди и намери премиерот Зоран Заев да се прикаже као Црн Петко, но дека тоа не е објективно, ниту реално ниту коректно.

Керим е против референдум, затоа што смета дека требало да се одржи на самиот почеток на преговорите со Грција.

-Зошто народот да го инволвираме во прикзната на самиот крај. Не, тоа требаше на самиот почеток, пред дваесет и нешто години да се постави прашање „дали прифаќате да влеземе во овие организации свесни дека ќе има промена на името.“ Овие години правевме напори и усилби да се приближиме до ЕУ, сега сме на крајот на трката. Сега на крајот тоа е депласирано – рече Керим.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -