Срѓан Керим, дипломат со повеќе од дводецениско искуство во мултилатералата, од својот дом во Опатија, Хрватска, во своето гледиште за актуелната политичка ситуација за „Фактор“ вели дека самите процеси природно наложуваат по подолго време Македонија да направи исчекор кон ЕУ и НАТО.
– Македонија е пред голем предизвик и конечно треба да ја реши дилемата дали сака да ги оствари своите стратешки цели, сакаме тоа да си го признаеме или не. Сега мора да ја решиме дилемата дали сакаме да членуваме во овие сојузи или да тргнеме по друг пат, но сметам дека тој друг пат не би бил вистински пат, бидејќи нема да понуди ништо на безбедносен, политички и економски план. Јасно е дека досегашната дипломатска битка е изгубена, а најголем пораз мислам дека беше добропознатиот пресврт во 2008-ма. Од тогаш имаме повеќе работа со ЕУ и НАТО, а помалку со Грција – вели поранешниот амбасадор во Германија, Швајцарија и Лихтенштајн, како и претседател на 62-то Заседание на Генералното собрание на ОН.
Договорот е неизбежен
Во последно време политичари и аналитичари тврдат дека своевремено Македонија ќе загубела помалку на своја сметка доколку порано ги прифатела барањата на Грција. Керим се согласува дека теоретски тоа е така, но дека практично шасните тоа да се оствари би биле помали поради поголемиот национализам и пластот на други отворени и недорешени проблеми.
– Сметам дека во 2005-та имавме најоптимални шанси со побезболни штети отколку сега, но тогаш имавме други прашања за решавање. По мое лично искуство, во 2001-ва, кога јас бев министер за надворешни работи, го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и тоа до сега беше единствен позитивен исчекор кон интеграциите.
Целиот напис прочитајте го на Фактор.мк – ОВДЕ