fbpx
17.8 C
Skopje

Кога денес би се одржале избори, кој би победил – испитување на јавното мислење

АКТУЕЛНО

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните расте. Најновата анкета спроведена од Институтот за политички истражување од Скопје покажува зголемување на рејтингот на партијата кај граѓаните во однос на јуни.

Ситуацијата кај СДСМ исто така е променета. Партијата ја губи поддршката кај граѓаните и се соочува со намалување на рејтингот.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал на 25 проценти во однос на јуни годинава, додека на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26.1 процент.

Според анкетата на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст на рејтингот и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци, додека кај СДСМ и во двата случаи има намалување.

Доколку следната недела се одржат избори, граѓаните сметаат дека победата ќе ја однесе ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на јуни, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање пораснал за два проценти, додека СДСМ ја изгубил довербата кај граѓани за 4 проценти од анкетираните лица.

Оваа анкета е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има тенденција на раст на рејтингот која се покажува на повеќе анкети. Последната анкета на MCMS исто така покажуваше раст на рејтингот од над 3 проценти, додека СДСМ имаше пад на довербата.

Политичките аналитичари сметаат дека се работи за тенденција која е резултат на поголемиот активизам на ВМРО-ДПМНЕ и ангажираноста на Мицкоски.

Добрата лидерска дебата како и отпорноста на препреки како што се надворешни и внатрешни и внатрешни наспроти аферите кај СДСМ, неостварените очекувања и договорот со Грција чие што негативно влијание ќе се почувствува уште дополнително во септември.

ИПИС ги спроведе двете кратки истражувања во периодот помеѓу 13 и 17 јуни и помеѓу 6 и 10 август 2018 на 1105 (Јуни) и 1110 (Август) полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањата граѓаните ги изразуваа своите ставови за поддршката на политичките партии, а во второто истражување и ставовите за претстојниот референдум.

Од ИПИС велат дека целта на истражувањата била да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии.

Извор: Курир

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -