fbpx
28.8 C
Skopje

Кој колку потроши во Премиерлигата до овој момент, лидерот јасен но на дното изненадувачко име

АКТУЕЛНО

Уште еден преоден рок поминува во знакон на клубовите од Англија, премиерлигашите плаќаат луди суми а на чело на колоната е Манчестер Сити

Често се вели дека парите не гарантираат успех, но најдобрите клубови од Англија го занемаруваат ова правило, и оваа година трошат како ретко до сега.

Сумите се превисоки, некогаш се плаќа и повеќе отколку што треба, а лудилото треба да продолжи и во последниот месец од преодниот рок.

Најголем трошаџија до овој момент е Пеп Гвардиола, неговиот Манчестер Сити искешира 212 милиони фунти.

Ова можеби не е изненадување, но прилично е шокантно името на екипата која се наоѓа на дното.

Во моментов таму е Тотенхем, вицешампионот од минатата сезона не потроши ниту една фунта и не донесе ниту едно ново име.

  1. Манчестер Сити – 212 милиони фунти
    2.    Манчестер јунајтед – 145,8 милиони фунти
    3.    Челси – 130,4 милиони фунти
    4.    Евертон – 93,4 милиони фунти
    5.    Арсенал – 52,7 милиони фунти
    6.    Ливерпул – 47,9 милиони фунти
    7.    Вест Хем – 40 милиони фунти
    8.    Хадерсфилд Таун – 36,4 милиони фунти
    9.    Њукасл – 31,2 милиони фунти
    10.    Борнмут – 30 милиони фунти
    11.    Лестер – 29,9 милиони фунти
    12.    Ватфорд – 21 милиони фунти
    13.    ВБА – 19,8 милиони фунти
    14.    Брајтон – 13,3 милиони фунти
    15.    Свонси – 11,5 милиони фунти
    16.    Барнли – 10 милиони фунти
    17.    Кристал Палас – 7,9 милиони фунти
    18.    Саутемптон – 5 милиони фунти
    19.    Стоук – 0 милиони фунти
    20.    Тотенхем – 0 милиони фунти

 

Извор: 24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -