fbpx
11.8 C
Skopje

Кој е министерот од Владата на РМ кој дал пари да се поогреба Чичко Цобе

АКТУЕЛНО

Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе, човекот кој продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво Декор“, почина во болница, околу десет дена откако беше нападнат на кејот на Вардар и оттогаш неговото тело стоеше во капела во Бутел, бидејќи неговото семејство немаше пари за погреб.

Здружението „Вистински дела на љубезност“ заедно со отец Оливер иницираа хуманитарна акција преку социјалната група Фејсбук за да се соберат пари и да се погреба чичко Цобе.

„Секоја сабота редовно го посетувавме и му носевме храна, но го посетувавме и во текот на седмицата, носејќи му постелнина, душеци, лекарства, завои и останато. По инцидентот чичко Цобе подлегна на повредите и од тогаш сѐ уште е во капела Бутел и нема кој да го погреба“, пишува на објавата на Здружението „Вистински дела на љубезност“.

По објавата, донирана била погребна опрема од здружение од Драчево и издејствувале во АД „Бутел“ трошоците за негов закоп наместо 18.000, да бидат 12.000 денари, односно да не се наплаќа копањето.

„Еден министер кој сакаше да остане анонимен даде 3.000 денари, некој даде 1.000, некој 2.000 денари и ни останаа уште 2.000 денари да дособереме и да го платиме погребот. Се надевам дека до утре, петок, ќе биде завршена работата и дека чичко Цобе ќе биде погребан“, вели Тони Станковски од здружението на граѓани „Љубезност“.

Чичко Цобе беше нападнат на 3 август во 2 часот наутро на кејот на реката Вардар. Еден час по нападот, чичко Цобе сам пријавил дека непознато лице го нападнало и му нанело модринка на левото око и расекотина на десниот образ, а по неколку часа во 8:30 часот бил примен на Клиника. По инцидентот полицијата го пронашла напаѓачот и го привела во полициска станица. Станува збор за 43-годишниот скопјанец против кого беше поднесена прекршочна пријава.

По неполни десет дена, на 11 август, чичко Цобе почина на Неврохирургија на Клиничкиот центар во Скопје. По неговата смрт делото е преквалификувано и против напаѓачот е поднесена кривична пријава. Од обвинителството не откриваат детали за истрагата, но велат дека напаѓачот е во притвор.

https://www.facebook.com/ljubeznost/photos/?tab=album&album_id=2169131540043162

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -