fbpx
18 C
Skopje

Конте: Немам време за глупостите на Мурињо, одиме да ги освоиме трите бода

АКТУЕЛНО

Стратегот на Челси, Антонио Конте ја избегна војната со Жозе Мурињо преку медиумите, пред денешното дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси на „Олд Трафорд“.

Претходниот натпревар го одбележа вербалниот дуел помеѓу двајцата тренери, каде судијата спречи поголем инцидент. Денес се очекува повторно напната ситуација.

„Немам јас време за такви глупости. Работевме напорно и во мир се подготвувавме за следниот натпревар. Не е лесно да се гостува на „Олд трафорд“, но едноставно нема лесен натпревар во Премиер – лигата. Верувам во мојот тим и ние ќе одиме таму за да ги освоиме трите бода“, изјави Антонио Конте.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -