fbpx
5 C
Skopje

Конзервативците бараат одговор

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Еден од промоторите на конзерватизмот и класичниот либерализам јасно рекол дека конзервативно е да се говори вистината, па во истото верува и идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk. Во конзервативните кругови од дамнина се говори за вистината, токму и 26-тиот американски претседател Теодор Рузвелт велел: „За да го налутиш конзервативецот, излажи го. За да го налутиш левичарот, кажи му ја вистината.“

Борбата за човекови права и слободи која е опеана во нашата химна, приврзаноста кон уставот, љубовта кон татковината како и општество на отворена конкуренција каде што се воздигнува квалитетот на индивидуата над колективот не води низ нашиот општествен и политички живот. Конзерватизмот како идеологија се базира на принципи, без разлика дали се работи за традиционалниот конзерватизам или модерниот таканаречен „британски“ односно либерален конзерватизам.

КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ БАРААТ ОДГОВОР!

Декември е пред врата, а една од клучните и историски собраниски седници само што не започнала. ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНАТА! Конзервативците не се луѓе кои седат на два стола, ниту се левичари кои не секогаш ги интересира вистината. Едноставно, сакаме да имаме чиста совест и нема да ја дозволиме манипулацијата со нашите патриотски чувства како во минатото. Лагата нема да ја простиме, ниту да ја заборавиме. Под лага разбираме говорење едно пред јавноста, а сосема друго позади скриени врати. Периодов, слушнавме за многу борци кои сакаат зачувување на нашето државно име, а исто така видовме и многу „бесни“ погледи при отварање на уставот. Замислете историското ВМРО да гледало бесно наместо да се борело под слоганот „слобода или смрт“.

Нема да признаеме ниту ќе проголтаме лага која ќе се базира на удар врз „внатрешните предавници“ додека надворешните гледаат бесно и срамежливо извикувајќи „Ова е пуч, ова е пуч“. Кој разбра, разбра. Можноста е една, сѐ е во рацете на парламентарните партии. Нема повеќе време за седење на два стола, или ќе седнете на еден или легнете си на три и полека но сигурно заспите во вашата политичка смрт.

За крај, среќата ги следи храбрите и тие што ја зборуваат и кажуваат вистината, па макар и да боли. Или, како што вели George Henry Lewes: „Неискреноста е секогаш слабост; искреноста дури и кога грешиш е сила.“

Дарко Димитровски, институт „Христо Узунов“
Партнер на идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК [conservative MK].

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...

Миленко го нарече Апасиев шарено kурле и му порача: Парите од хонорар кај Катица да ги вратиш

Шареното kурле го рушеше Грујо за да дојде Заев. Заев дојде, kурлето во парламент кворум му обезбедува. Еднаш шарен - секогаш шарен. Парите од хонорар кај...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...
- Advertisement -