fbpx
21.8 C
Skopje

Косово ќе поднесе молба за зачленување во ЕУ до крајот на годината

АКТУЕЛНО

Енвер Хоџај, министерот за надворешни работи на најмладата држава на Балканскиот Полуостров, соопшти дека до крајот на тековната година Косово ќе поднесе барање во Европската унија за добивање статус на кандидат за влез во Заедницата.
Сакаме да ги видиме Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора како дел од ЕУ, но сметаме дека треба да бидеме наградени за работата што ја завршивме во нашата земја и во рамките на дијалогот, исто како и нашите колеги во Белград“, истакна Хоџај за време на својата посета на Брисел во одговор на прашање каква е целта на ваков чекор, и покрај фактот што Косово не ги исполнува основните барања за да го добие статусот на кандидат за членство во ЕУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -