fbpx
6 C
Skopje

Ковачев: Признавањето на бугарското малцинство во Албанија не ја загрозува Македонија

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Сега, по толку многу години, вратена е историската правда, изјавија бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и европратеникот Андреј Ковачев за одлуката на Парламентот на Албанија да признае бугарско национално малцинство во земјата.

„Во Нацрт-законот недостигаше бугарското малцинство, признаени беа осум малцинства. Вложивме многу напори за тоа“, објаснува Захариева.

Според неа, најважната работа е една демократска држава која сака да стане членка на ЕУ, да не ги спречува луѓето да се идентификуваат самите во случај кога се идентификуваат како Бугари и кога има исотриски факти, пренесува агенцијата „Фокус“.

„Му се заблагодарувам на бугарското малцинство во Албанија за тоа што за еден ипол месец собра околу 3.000 потписи“, вели Захариева и додава дека во Албанија има 4-5 регистрирани здруженија на Бугари.

Захариева уште потсетува дека има договор меѓу Албанија и Бугарија уште од 1932 година за признавање на бугарско малцинство, ама, за жал, како што вели, не стапила на сила и потпишувањето не е финализирано.

Освен Захариева, за законот говореше и европратеникот Андреј Ковачев кој напоменува дека бугарското малцинство во Албанија живее Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Видиште, Врбник и други албански села и градови.

„Тие зборуваат бугарски јазик, се разбира дијалект, кој за некои од нас е можеби архаичен, но важно е дека ја знаат својата семејна историја, кои биле нивните татковци и дедовци. Ние никогаш не сме рекле дека оние кои се чувствуваат етнички Македонци тоа да не го кажат. Тие се исто така спомнати во законот.

И покрај пропагандата на организации во Албанија, спонзорирани од Скопје, ние никогаш не сме барале да биде тргнато името „македонски“, зашто тоа е одлука на секој граѓанин, како се определува“, вели Ковачев.

На прашањето за реакцијата во македонските медиуми за признавањето на бугарско малцинство во Албанија, тој изјави дека оваа одлука на никој начин не ја загрозува Македонија.

„Ако некој се чувствува како етнички Македонец, тоа е негово право. Но, треба да се остави оној кој се чувствува како Бугарин и ја знае својата историја, да се чувствува како Бугарин“, вели Ковачев.

Извор: Локално

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...

Вo браk бea 70 години и во само три минути заедно починaa од kоронавирус За три дена требаше да ја примат ваkцината

Сопружниците Дик и Ширли Мик почиnаа од kоронавирус три дена пред да ја примат ваkцината против вирусот, а тие се во брак 70 години. Според...

Познатиот русkи астролог Тамара Глоба тврди: За овие три знаци 2021-ва година ќе биде година на невидена среќа

Тамара Глоба е познат руски астролог, а на нејзините предвидувања им се верува, бидејќи речиси никогаш не греши. Таа тврди дека оваа година овие три...
- Advertisement -