fbpx
11.8 C
Skopje

Љубомир Цуцуловски: Беда без дно

АКТУЕЛНО

Статус на Љубомир Цуцуловски:

БЕДА БЕЗ ДНО. Што може да се очекува од некоја академија на науки и уметности, ако во нејзиниот прв ред се сместиле домашни и странски политичири? Што може да се очекува освен несфатлива човечка и духовна беда?

Денес, во МАНУ, се случи токму тоа – научниците и уметниците, седнати во задните редови, станаа ученици/послушници на политичарите. Оттука, не може ни да се замисли да бидат еден покрај друг Блаже Конески и Ацо Шопов, од една страна и, од друга страна, Камбовски или Таки Фити, бидејќи помеѓу првите и вторите не постои провалија, туку бездна. Тоа се два паралелна света, помеѓу кои не постои никаква допирна точка, макар таа точка била самото дно.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -