fbpx
13.8 C
Skopje

Македонија е сè уште полициска држава, вооружени специјалци упаднаа во скопски дискотеки

АКТУЕЛНО

Сопственикот на една од најпопуларните скопски дискотеки „Сектор 909“, Огнен Узуновски-Оги, кој беше и активен учесник во протестите на Шарената револуција, беше приведен ноќеска во големата рација по ноќните клубови во Градски парк, пишува порталот СДК.МК.

Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција биле во присуство на вооружени полицајци кога влегле во дискотеките и Министерството за внатрешни работи сè уште не излегло со официјално соопштение за акцијата, која на социјалните мрежи е опишана како скандалозна, брутална и како тежок удар врз ноќниот живот во Скопје.

„Дефинитивно не се боревме за упади на вооружени специјалци во дискотеки. Тоа што се случувало ноќеска низ Скопје е уште еден доказ дека Македонија е сè уште полициска држава. Ударот врз братот Оги е удар врз сите нас“, напиша на Фејсбук Замир Мехмети, еден од лидерите на Шарената револуција.

Узуновски, наводно, бил уапсен откако се спротивставил на барањето да се изгасне музиката во „Сектор 909“ и социјалните мрежи се полни со изрази на поддршка кон него.

Според очевидци, полицајци вооружени со автоматски пушки парадирале на подиумот и дури ги легитимирале диџеите, кои во тој момент пуштале музика.

„Јас не се чувствувам како криминалец и ‘Сектор 909‘ не е обично диско, туку е начин на живот. Не можете да не запрете, тука има многу љубов“, се огласи Узуновски на Фејсбук.

Повеќе за ова прочитајте на СДК.МК – ИЗВОР (ОВДЕ)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -