4.5 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче сподели: Една работа силно охрабрува

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло. -Иако сѐ...

Падна пресуда: По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави...

Да се радуваме за оваа прекрасна вест: Детска клиника соопшти – 7 годишната Румеса ја победи леукемијата

Седумгодишната Румеса ја победи болеста и денеска целосно здрава си замина од Детската Клиника. Оваа убава вест Детската клиника ја објави на својот Фејсбук профил. „Во...

Македонската пејачка Антонио Гиговска има нов дечко?

Оваа сезона нашата Антониа Гиговска „растура“ во музичкото шоу „Пинк Ѕвездички-all stars“, па нема воопшто да биде чудно ниту пак изненадување ако ја однесе и победата.

Антониа во секое ново издание и при секоја нејзина изведба добива комплименти, пофалби, ласкави коментари… Судиите веќе и го трасираа патот кон ѕвездите, тврдејќи дека таа со својот моќен вокал и однесувањето на сцената е родена да биде ѕвезда. И тоа исто така не е ниту чудно ниту изненадувачки, зашто е повеќе од евидентно.

Но затоа пак изненадувачки е нешто, што можеби не е така евидентно и не се забележува пред камерите во самата емисија, а очигледно се случува зад камерите.

Имено, во последно време евидентна е блискоста на нашата пејачка со членовите на жирито, а особено „боде очи“ близината со еден од нив – Милан Станковиќ, пренесува порталот ЗаСе.мк

Па така, пред неколку седмици, во деновите кога се снимаше нова емисија, Анониа на својот Инстаграм објави снимка на која е во друштво на пејачот-судија Милан Станковиќ, па со него заедно дури и запеаја за своите фанови и следбеници на социјалните мрежи, а сето тоа го овековечи, постирајќи го на своите Инстаграм приказни.

А, од Инстаграм приказните веднаш тргнаа и чаршиските приказни дека Милан веќе ја доживува Антониа не само како колешка, туку и добра пријателка со која има блиска дружба и кога не се само на релација судија – натпреварувач!?

Фотографиите ги подгрејаа и муабетите дека тука се случува нешто, што е повеќе од „шоу бизнис“, па веднаш тргнаа претпоставките и прашањата: Дали Антониа Гиговска не е новата Рада Манојловиќ? Секако, асоцирајќи на големат љубов и врската на Милан Станковиќ и популарната српска фолкерка од времето кога обајцата поникнуваа во ваквите музички талент шоуа! Рада беше и остана љубовта на Милан која (ќе) се памети. Но, дали доаѓа некоја што ќе ја смени и надмине?

Судејќи по најновите фотографии објавени на социјалните мрежи и Инстаграм профилите и на нашата натпеварувачка и на Пинк судијата, нивната дружба зад камерите и натаму трае… Па дури е и уште поинтензивна. Занесени погледи во кои очите блескаат, задоволни насмевки и карактеристична блискост…

Уште на сето тоа ако ги додаме коментарите на блиските пријатели кои добро ги познаваат, па не можеле да ја премолчат глетката, како што Антониа (не) успеала да ги скрие емоциите… Впрочем зборовите и емотиконите најдобро говорат!

Сепак, дали е тоа така, и дали во студијата на Пинк во Шумановци „гори од љубов“ или тоа се сепак само „евтини приказни“ ( Pulp fiction), како што му пишува на блузонот на Милан…? Чекаме најдобриот сојузник – времето, да покаже! А, ќе покаже многу брзо!

Извор: ZaSe.mk

Latest Posts

Филипче сподели: Една работа силно охрабрува

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло. -Иако сѐ...

Падна пресуда: По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави...

Да се радуваме за оваа прекрасна вест: Детска клиника соопшти – 7 годишната Румеса ја победи леукемијата

Седумгодишната Румеса ја победи болеста и денеска целосно здрава си замина од Детската Клиника. Оваа убава вест Детската клиника ја објави на својот Фејсбук профил. „Во...

АКТУЕЛНО

Филипче сподели: Една работа силно охрабрува

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло. -Иако сѐ...

Падна пресуда: По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави...

Докторот од „Плодност“ направил и трето тестирање, сега нема коронавирус иако претходниот тест му беше позитивен

Сопственикот на битолската клиника Плодност, Таше Трпчевски и неговото семејство немаат коронавирус, покажало последното испитување кое фамилијарно го направиле. Преку веб страницата на Клиниката,...

Син на пациент од Козле: Физиотерапевтот и болничарот кој носел храна се меѓу заразените, пациентите дома без тест

Еден од пациентите на Физикална рехабилитација во Козле беше татко ми. Откако излезе првиот случај со заболениот пациент, него експресно го пуштија од болницата со...

Беснеење со автомобили на полнoќ во центарот на Банско (ВИДЕО)

Граѓани од Банско испратија видео на кое се гледаат автомобили кои беснеат, а наводно видеото е снимено вечерва, нешто пред полноќ, пренесува Канал Вис. Според...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.