fbpx
23.8 C
Skopje

Матераци: Буфон? Ако мене ми се случеше тоа што го направи Џиџи….

АКТУЕЛНО

Џанлуиџи Буфон во два наврати истакна дека во брзо време не планира да му се извини на судијата Мајкл Оливер за бруталната порака која му ја испрати по крајот на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а иако многумина застанаа на страна на легендарниот голман на Јувентус за жестоките зборови кои ги упати, имаше и голем број такви кои го нападнаа и искритикуваа за односот.

Искусниот чувар на мрежата порача дека англискиот арбитар е бесчуствителен и дека наместо срце, има корпа за отпадоци во своите гради, сето тоа како реакција на контроверзниот пенал во 93-та минута од натпрварот со кој Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето во најелитното фудбалско клупско натпреварување.

И осум дена по одигрувањето на мечот, изјавата на Џиџи и натаму предизвикува доста коментари во јавноста, а сега последен кој се јави е легендарниот Марко Матераци кој навистина добро го познава Буфон.

– Еден професионале секогаш се нашол во таква ситуација во каква што беше Џиџи. Кога доживувате такви моменти и кога гледате каква шанса ви бега од рацете, можат да се случат такви нешта. За извесно време, сигурен сум дека тој ќе се смее на тоа што се случи. Еден ден, Џиџи ќе се извини за тоа што го кажа. Она што посебно ме интересира е нешто друго. Би сакал да видам колку луѓе ќе застанеа во моја одбрана ако јас направев нешто како Џиџи, – запрашува Матераци.

Извор: Дерби.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -