Барселона вчера во големото дерби од првенството со 1:0 го совладаа Атлетико и така најверојатно го направија и најзначајниот чекор до насловот – шампиони во Шпанија. Моментот на апсолутна магија од Лионел Меси беше доволен каталонците да победат и да побегнат на плус осум.
Меѓутоа, не е се сјајно на Камп Ноу. Самуел Умтити ја игра сезоната на својата кариера, но уште не го продолжил договорот и многу е близу на лето да го засили тимот на Манчестер Јунајтед. Челниците на Барселона очигледно не придаваа многу значење на сјајниот дефанзивец чија откупна клаузула изнесува 60 милиони евра. Тоа во сегашниот однос на трансфер пазарот е навистина премалку за еден таков капацитет од играч.
Всушност тоа го разбесни аргентинскиот играч , кој беше бесен кога дозна дека францускиот дефанзивец би можел да ја напушти Каталонија. Имено, Умтити е незадоволен со моменталната плата, па наводно се договорил со Црвените ѓаволи како би на лето преминал во нивните редови. Тоа и те како го налути Меси, но и Жерард Пике, кои сметаат дека челниците на клубот пасивно го набљудуваат заминувањето од клубот на еден од водечките играчи.
Дури после критиките на Меси и Пике, управата на клубот односно првиот човек на Барса Бартомеу реши да тргне во акција и да преговара со фудбалерот, кој по договор заработува 80. 000 евра неделно. Ѕвездите на Барса пак се надеваат на најдоброто можно сценарио – дека Умтити и наредната сезона ќе игра во срцето на одбраната заедно со Пике.