fbpx
20.8 C
Skopje

Миленко со закана до власта и амбасадорите од САД и ЕУ, Бејли и Жбогар (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Контроверзниот шоумен, Миленко Неделковски, во својата нова епизода од 14-тата сезона на „Миленко Неделковски Шоу“, испрати јавна закана до власта предводена од СДСМ, американската амбасада заедно со амбасадорот Џез Бејли, до амбасадата на Европска Унија на чело со Жбогар, или како што тој го нарекува „Жохар“.

Имено, Миленко во својот вовед истакна дека сите оние кои се обидуваат да му го ограничат медиумскиот простор, да го исфрлат и да нема место каде ќе настапуваат интелектуалци од типот на Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ, ќе завршат како „гостинските екипи и судиите во тунелот на стадионот во Автокоманда“.

„Незнаете со кого си имате работа. Тоа важи за СДСМ, предходното раководство и ова, тоа важи за амбасадорот Џез Бејли, Самуел Жбогар, но и за минатото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но и делови од сегашното. Сите вие што сакате да ме исфрлите, гадно ќе завршите“, порача Миленко.

Делот во кој што Неделковски ја испраќа оваа порака започнува од 1:55 минута.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -