fbpx
23.8 C
Skopje

Мирко Попов вели дека „Меморија“ звучеле аматерски, Перо Камиказа му порача: Треба да си на јаки дроги, ете зошто никој немаше на настапите на СДСМ

АКТУЕЛНО

Еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов во својата колумна на сајтот „Реборн“, испрати силни критики кон легендарната група „Меморија“, кои според него звучеле аматерски.

„Ниту кога се појавија, ниту кога имаа комерцијален успех во патетичната музичка ера на македонското осамостојување, ниту кога се реоформија пред година дена за концертно пополнување на саемска хала и се разбира егата на членовите.

Нивниот звук, автентично македонска визија за блендирање поп и рок, отсекогаш имал многу повеќе заедничко со духовниот врв на младинската организација на Комунистичка Партија на Македонија при месна заедница од зграда, отколку со некоја релевантна музичка вибра. Она наше рудиментирано разбирање на рокенролот како алатка за освојување женски или нервирање на другарите во стилот на: „бољи фраер сум од тебе”.

Не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против сето тоа. Напротив, членовите на Меморија, барем оние кои ги познавам, ми се особено драги личности и ги почитувам како професионалци и луѓе. Но музиката на овој наш извонредно популарен бенд, од аспект на уметност и достигнување, отсекогаш сум ја сметал за социјализам & аматеризам. Социјализам во оној симпатичен смисол на зборот“, вели Попов во својата колумна.

На тој текст, бурно реагираше и еден од основачите на „Меморија“, басистот Петар Георгиевски Камиказа, кој се почувствува длабоко повреден од неговиот текст.

„Е го доживеав и ова. После се направено со „Меморија“ да бидеме вака коментирани во денешно време, во најмала рака треба да си на јаки дроги(за што не се сомневам за авторот на писанието). И да. Сега ми е јасно зошто никој немаше на настапите за СДСМ.

Па за нив настапувал човек кој никад нема повеќе од 100 луѓе за беспари а да не збориме да реши да наплаќа. Излезе јасно и гласно и кажа дека е за промена на името на државата и беше дел од кампањата „ЗА“. Легитимно право во вакво споулавено време е да бидеш клиентелист“, беше дел од статусот на Петар Георгиевски Камиказа на својот профил на Фејсбук.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -