33 C
Skopje

Мисајловски: Обнова на Македонија мора да следи поради пепелта што ја остава оваа власт во секој домен

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Нема капитални проекти, постојано има нови задолжувања. Странските инвеститори ни бегаат, а владата се фали дека блескаме. Ја посрамија Македонија во ЕУ со најголемиот криминален случај на РЕКЕТ во историјата на државата. Главниот расплет ќе биде дали ќе биде откриен врвот на криминалниот октопод, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервјуто за Vecer.mk.

Трета година ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, по неколку години сериозна политичка криза. Успеа ли партијата во овој период да се консолидира, кадровски целосно да се екипира?

– Апсолутно партијата е на цврсти темели и целосно е консолидирана, а впрочем докажавме на последните претседателски избори дека сме најголемиот и најорганизираниот политички субјект во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има одлични кадровски потенцијал на сите нивоа, но партијата е секогаш отворена за секој што чуствува дека има капацитет и желба да ни се приклучи и да биде дел од партиската организација.

На роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беше преставен нов визуелен идентитет за програмата насловена како Обнова на Македонија. До каде е изработката на оваа програма и што ќе понуди за граѓаните на Македонија?

– Брендот на ВМРО-ДПМНЕ се проектите и нивното реализирање, за нас дадениот збор и ветувањата кон граѓаните е императив на кој мораме да опстоиме и да го оствариме. Оваа власт се што вети не исполни, а од друга страна се фали со проекти што беа започнати од претходната влада, но гледаме дека немаат капацитет ниту пак желба да ги завршуваат. Обнова на Македонија мора да следи поради пепелта што ја остава оваа власт во секој домен и со секое нивно делување.

Македонија повторно е во фокусот на европската и светската јавност поради корупциските афери и неиполнувањето на критериумите за добивање датум за старт на преговорите со ЕУ. Да одиме најпрво со датумот, кои се вашите очекувања за септември, а што мислите дека реално ќе добиеме?

– Корупциските афери, рекетот и тргувањето со правото и правдината се огромна кочница на оваа влада и истите ќе бидат нотирани како нов предуслов за европската перспектива. Доколку оваа влада поседуваше европски вредности до сега ќе поднесеше колективна оставка, но за елитата на власта е поважно да си ги договараат тендерите меѓу себе, да си имаат свое судство и да ја задолжуваат државата. А, од друга страна да нема капитални проекти, да, имаме економско фијаско, да продолжуваат со непотизмот, до прикриваат афери и скандали, и се разбира поради целата неспособност продолжуваат да ја прогонуваат опозицијата со измислени и фабрикувани предмети. Ова се само дел од негативните последици на оваа влада и затоа е се подалеку шансата да бидеме дел од европското семејство и да добиеме старт на преговорите следниот месец.

Прочитајте го целото интервју ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -