fbpx
7 C
Skopje

Мицевски до СДСМ: Програмата за „Живот“ ви е една голема лага, ништо не реализиравте

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Оваа влада е веќе на половина од својот мандат, а економските резултати за кои што доби поддршка воопшто не ги реализира. На првата страна од програмата за живот има 5 клучни работи кои што ќе ги правите и тоа, гарантираме повисоки плати, просечна плата од 30.000 денари во семејство со двајца вработени тоа е илјада евра, ќе имаат и за храна и за сметки и за одмор. Ова е ветување кое што вие го дадовте. Односно за ова ветување ќе кажам дека просечната плата изнесува 24.355 денари. Ова ветување нема да го исполните затоа што е нереално, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски на денешната собраниска расправа за ребаланс за буџетот.

Според Мицевски второто ветување на владата на СДСМ било дека финансиски ќе ги поддржат домашните фирми со 140 милиони евра, додавајќи дека оваа ветување во реалноста изгледа многу поинаку.

„Вториот приоритет на две години до крајот на вашиот мандат изгледа вака во реалноста, фирмите на нашите соработници и партиски членови ќе си ги поделат парите од повисоките даноци од оние кои што најмногу работат. Така ќе си наплатиме за се она што гласаме, а младите ќе се вработат на Запад. Тоа е реалноста со која се соочуваме.“

Мицевски додаде дека третото ветување на СДСМ е насочување на сите пари кај граѓаните.

Третото ваше ветување е дека ќе ги насочите парите кај граѓаните и ќе им помогнете на сиромашните. Навистина, прво што направивте им помогнавте на сиромашните им ја кренавте акцизата, мерка со која ги завивте во црно сите граѓани и стопанството. Сега ќе им ставиме и етикети на возилата и сите да знаат кој се сиромашни, а кој богати. Патем речено 90 проценти ќе бидат одбележани со етикетите кои ги предлагате. Во делот на нереализирани ветувања спаѓа и повраток на ДДВ од 15 проценти, сите го слушале ама никој не го почувствувал бенефитот од ова ветување, иако веќе на два пати се одложи пилот пробата за него. Поскапе и лебот за 3 денари, ама за тоа и не треба да се нервираат граѓаните, како да има леб кој што го јадат граѓаните тој е најевтиниот, и лебот кој што го јадете вие, изјави тој.

Координаторот Мицевски истакна дека во програмата на СДСМ е лажно ветувањето за институциите каде што ветуваат дека институциите ќе работат во служба на граѓаните, нагласувајќи дека Владата предлага закон за банки и управа за јавни приходи каде што во секое време и на секое лице ќе може законски да му се проверува сметката.

Петтото ветување кое не е исполнето е контрола на власта и правда за сите, односно како што рече Мицевски контрола на власта воопшто нема потенцирајќи дека министерот за финансии Тевдовски воопшто не доаѓа на комисиски седници.

Според него вербата во судството и правдата за сите е на многу ниско ниво, односно како што рече тој ќе се воздржи од коментар и ќе остави на јавноста сама да суди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Зоран Заев се прости од Баге: ТАЖНА ВЕСТ – силно ме погоди веста за омилениот другар за неговите пријатели, Благоја Стефановски Баге

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ извика “да живее Зоран Заев”: Се огласи и Костадинов

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски направи лапсус и викна „Да живее Зоран Заев“. По...

Резултатите за изминатите 24 часа: Дури 2824 луѓе биле тестирани, позитивни се 1100

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56,...

Цеца не можеше да се воздржи: Внукот Жељко ја доведе до солзи

Хит на Интернет... Светлана Цеца Ражнатовиќ секој слободен момент го поминува со внукот Жељко и ужива со него, а што прават и како се забавуваат...

Koга е безбедно да се гледате со другите луѓе откако ќе прележите Kовид-19 – оваа грешка речиси никој не ја прави

Се разболувате. Поминуваат неколку дена, и за среќа почнувате да се чувствувате подобро. Дали е во ред тогаш повторно да започнете да се гледате...
- Advertisement -