fbpx
11 C
Skopje

Мицевски: Ситуацијата е алармантна, потребни се итни и ефективни мерки за помош на земјоделците

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Неодговорната политика на СДСМ кон земјоделието ги остава оризопроизводителите во кочанско-виничкиот регион без обезбеден откуп на оризот, а со тоа и без основни средства за егзистенција. Покрај немањето на откуп, оризопроизводителите во стартот на сезоната се соочија и со ниски откупни цени, кои не поминуваат 18 денари за арпа, односно 35 денари за бел ориз. Ова е сосема спротивно на ветувањето на СДСМ дека цените на оризот по нивно доаѓање на власт нема да биде пониска од 25 денари за арпа, односно 50 денари за бел ориз, што се виде дека ниту ќе ја остварат ниту пак преземаат мерки за решавање на проблемот, истакна Никола Мицевски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ситуацијата е алармантна. Доколку владата не реагира и не им помогне на оризопроизводителите под знак прашалник ќе биде претстојната сеидба, но и опстанокот на стотина земјоделци од кочанско-виничкиот регион. Потребни се итни и ефективни мерки за помош на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара владата да пристапи кон интервентен откуп на соодветни количини на ориз, кои останаа не откупени со што ќе се изврши стабилизирање на цените и пазарот. Со тоа оризопрпоизводителите ќе се спасат од економски крах и ќе можат да ја продолжат својата дејност и оваа година. Владата мора веднаш и без одлагање да го изврши интервентниот откуп во интерес на опстанокот и егзистенцијата на оризопроизводителите, подвлече Мицевски и додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ дополнително предлага во овие тешки периоди за оризопроизводителите владата да пристапи кон субвенционирање на  потрошената вода за наводнување по единица површина за минатата и за оваа претстојна година. Потребно е и изготвување на долгорочни мерки и проекти со кои производството на ориз ќе се интензивира и ќе ја зголеми конкурентноста на поширокиот регионален пазар. За ова потребно е воведување на современи технологии и сорти кои ќе го зголемат приносот, и ќе ги рационализираат трошоците. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Владата на Република Турција и научните институции од двете земји, спроведе успешен проект со кои ја зголеми сортната структура. Ова треба да продолжи, се со цел да се постигне целта за долгорочно решавање на проблемот, со оризопроизводството и тоа да стане порентабилно“.

Овие мерки, рече Мицевски, се нужни и неопходни.

-Доколку владата навистина води грижа за земјоделието и за оризопроизводителите веднаш и неодложно ќе ги преземе овие мерки во насока на обезбедување на егзистенцијата на земјоделците.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е Чегевара на батерии

Твит на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ Стојанче Ангелов ќе биде главен лик во кризнава состојба. Ќе се бориме со пандемија на чело со Стојанче...

Убава вест: Државата започна со исплата од 11.000 денари до 14.000 денари за сите граѓани кои се во оваа категориј на пензионериа

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за ноември почнуваат да се исплаќаат од денеска, предвреме и етапно, со цел да се...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Спасовски: Развоен буџет за модерна полиција и достојни услови за полицајците и во 2021 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше буџетот на Министерството за наредната година, посочувајќи притоа дека тој е развоен и дека ќе...
- Advertisement -