fbpx
10.8 C
Skopje

Мицкоски најави кадровски промени во партијата: Ќе бидеме појаки од сето она што ни се случуваше во изминатиов период!

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето вечерашно интервју на Алфа телевизија рече дека доколку дојде до предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, иако истата ќе мора да заврши определени активности пред да дојдат до самиот процес на тие евентуални предвремени избори.

-Ние имаме изборен законик, каде што е наведено од последните лидерски средби се договоривме кога ќе дојде ред за предвремени парламентарни или редовни избори, 100 дена имаме Влада која ќе биде по Пржинскиот модел. Претпоставувам Заев и групата околу него ќе се обиде и тоа да го прекрши и ќе проба да направи брзи избори за 45-60 дена, но повторно не може да избега од пржинскиот состав на Владата која во тој момент би била. Но, ние инсистираме на почитување на законите. Ако не се почитуваат законите и договореното, тогаш треба да знаат граѓаните во Република Македонија дека повторно има индиции за нова, масовна кражба на гласовите на граѓаните во Република Македонија, рече Мицкоски.

Следно, вели Мицкоски, мора сторителите на девијантно однесување, да бидат изведени пред лицето на правдата. За тоа да се случи, смета тој, треба да има нов јавен обвинител, во кој народот ќе верува.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави и промени во партијата и истакна дека е завршено внатрешното консолидирање.

Имаме нови претседатели на општинските организации, Извршен Комитет, структура на партијата. Во периодот кој што следи ќе имаме и одредени кадровски поместувања, ќе имаме нови кадровски освежувања во партијата. Во периодот кој што следува ќе имаме формирање на два нови совети на ИК, но и Советот на претседателот на партијата. Таму ќе бидат инкорпорирани луѓе кои што се универзитетски професори, професионалци, специјалисти во одредени области. Така што, во периодот кој следува, во ВМРО-ДПМНЕ ќе се случи определено кадровско доекипирање. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја јакне својата структура и да биде појако од сето она кое се случуваше изминатиов период, порача Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -