28.8 C
Skopje
Tuesday, July 15, 2025

Могерини не поддржува бегалски кампови на Балканот

Имаме систем со Либија и мислам дека може да биде корисен модел, да се поддржи и консолидира. Базиран е на соработка со властите на самото место, агенцијата на ОН и земјата на потекло. Моделот дава резултати и не мислам дека ни е потребен нов инструмент. Треба да инвестираме повеќе ресурси да го консолдиираме овој механизам, кој дава резултати веќе шест месеци, изјави Могерини.

Данскиот премиер неодамна предложи да се отворат бегалски кампови „во Европа, но надвор од ЕУ“ алудирајќи, според дипломатски извори, на Западниот Балкан. Австрија изрази поддршка за данската идеја, но таа не е формализирана.

Управувањето со миграцијата и изнаоѓаљето решение за овој посебно сензитивно политичко прашање во ЕУ ќе биде една од главните теми на следното австриско претседателство од 1 јули.

поврзани објави

     

Последни објави