fbpx
21.8 C
Skopje

Моторциклисти дивееле во Велес, па лошо завршиле – епилогот неповолен

АКТУЕЛНО

Во текот на вчерашниот ден  околу 15,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „8-ми Септември“ со улицата „Архиепископ Михаил“ и улицата „Страшо Пинџур“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Тумопар“ со велешки регистарски ознаки, управуван од И.К.(47) од Велес и мотоцикл „Кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(22) од Велес.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на мотоциклот „Тумопар“. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен  во Општата болница – Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -