fbpx
-2 C
Skopje

МВР: До 14 часот гласањето без поголеми проблеми

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Според податоците објавени на интернет старницата на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, до 14:00 часот гласањето во сите избирачки места во земјава се одвива тековно и без поголеми нарушувања на гласачкиот процес.

Во соопштениет од МВР меѓудругото се наведува:

– Сумарно, во периодот до 14 часот примени се уште 19 пријави по однос на изборни нерегуларности (поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање на гласачко ливче, како и гласање за друг) што севкупно со пријавите заклучно до 11 часот изнесуваат 26 пријави, додека пак евеидентирани се и уште 10 прекини на гласање на одделни избирачки места каде што после консултации и краток застој од по 15 до 20 минути гласањето е продолжено.

Исто така од досегашните активности по пријави од граѓани – осум пријави се веќе расчистени (две во радовишко, четири во валандовско и две во струмичко) и тие се отфрлени како неосновани. Потоа, во два случаи идентификувани се лицата за кои се однесуваат пријавите и се работи на целосно расчистување на тие пријави. Во еден случај, во Струга, идентификувано е лице по однос на пријава за поткуп на гласачи и се прават консултации со надлежен Јавен обвинител при ОЈО Струга, а во Кавадарци едно лице е лишено од слобода (гласал и во име на неговата сопруга) и се работи на расчистување на случајот.

Во врска, пак, со нарушениот јавен ред и мир во близина на ОУ “Петар Здравковски Пенко“ – и овој случај  е расчистен, а против лицата Г.Н. (32) и Г.Т. (48) ќе бидат поднесени прекршочни пријави согласно член 11 (“тепачка“) и член 6 (“нарушен ЈРМ со оддавање на пијанство“) од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај ова, денеска (15.10.) НККР Кочани поднесе кривична пријава против лицето С.А. (36) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – “поткуп при избори и гласање“ предвидено по член 162 ст.1 од КЗ на РМ. Пријавената на ден 14.10.2017 година околу 13,00 часот отишла во домот на  В.Р. од Кочани и и понудила 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија на локалните избори, ветувајќи и и друга лична корист со образложение дека имала добри врски во Скопје и луѓе на функција, со намера да ја придобие да го изврши избирачкото право во полза на политичка партија.

Инаку, евидентирана е и една кражба на избирачко место во Шуто Оризари во ОУ “26 Јули“. Имено во периодот од 06,00 до 09,30 часот на избирачко место бр.2957 непознат сторител од чанта на оштетената Ј.И. (службено присутна на тоа избирачко место) одзел паричник во кој имало 1.200 денари и други лични документи и платежни картички на оштетената. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Алсат М

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...

Ова е 26 земјотрес во три дена: Вечерва нов земјотрес во Хрватска

Граѓаните на Хрватска во страв Нов земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска околу 13 часот ја погоди областа на Петриња. Ова е...

ДВE ТEШKИ СООБРАKAJЌИ и 8 повредени: Причината е снегот

Во последната состојба за временската прогноза е упатено посебна напомена до возачите да бидат крајно внимателни Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки,...

НАЈНОВA прогноза: Патиштата се лизгави, возачите да бидат крајно внимателни

Вести за временската прогноза и состојбата на патиштата Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот ден кога поголем дел...
- Advertisement -