fbpx
28.8 C
Skopje

МВР ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителите кои ги оштетија гробишатата во Љуботен

АКТУЕЛНО

Во врска со реакциите и наводите изнесени од претставници на политичка партија и некои медиуми, а кои се однесуваат на сквернавењето на гробишатата во скопското село Љуботен, Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение наведува дека веднаш по пријавувањето на настанот екипите на Министерството извршиле увид на местото на настанот и ги превзеле сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на овој настан.

– Министерството интезивно ги спроведува сите оперативно-технички и теренски активности кои овозможуваат собирање и анализа на доказниот материјал, се со цел сторителите на овој чин да бидат идентификувани и против нив да се поведе соодветна кривична постапка. При извршувањето на своите надлежности, Министерството постапува професионално и без никакви политички влијанија и без популистички и сензационалистички мотиви. Токму затоа и сите докази кои ќе бидат обезбедени во текот на истрагата ќе бидат соопштени на прес конференција, се истакнува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи повторно најостро го осудува овој вандалски чин и повикува настанот да не се користи за добивање публицитет ниту на политичките партии, ниту на медиумите.

– Изнесувањето на невистини и недокажани сомнежи не придонесува за доброто на граѓаните и негативно влијае на текот на истрагата. Министерството редовно ги превзема сите мерки за заштита и гарантирање на безбедноста и сигурноста на граѓаните, стои во соопштението од МВР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -