fbpx
5 C
Skopje

НА 27 ФЕВРУАРИ СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

АКТУЕЛНО

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Македонските заедници во светот по повод годишнината од движењето „За заедничка Македонија“, на 27 февруари 2018 година организираат Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата во Скопје!

Семакедонскиот протест ќе започне во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Семакедонскиот протест ќе трае најмногу до 21.00 часот пред Собранието на Република Македонија.

Македонците во светот бараат:

(1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија;

(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов;

(4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија.

Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците во светот бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис на избирачкото право на секои парламентарни и претседателски избори.

Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Семакедонскиот протест го поддржуваат Светскиот Македонски Конгрес, Движењето “СУМ“ Сите за унитарна Македонија, Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија.

Светскиот Македонски Конгрес ги повикува Македонците, по потекло и државјанство, на масовно присуство на Семакедонскиот протест на 27 февруари 2018 година!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...

Миленко го нарече Апасиев шарено kурле и му порача: Парите од хонорар кај Катица да ги вратиш

Шареното kурле го рушеше Грујо за да дојде Заев. Заев дојде, kурлето во парламент кворум му обезбедува. Еднаш шарен - секогаш шарен. Парите од хонорар кај...
- Advertisement -