fbpx
12.8 C
Skopje

На лето нов рекорден трансфер: Mурињо го доведува Нејмар за 200 милиони евра

АКТУЕЛНО

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо втора година по ред ќе ги сруши светските рекорди во висина на трансфери.
Ако биде се како што предвидува тој на лето ќе го доведе Нејмар од Барселона за неверојатни 200 милиони евра, пренесува шпански „Спорт“

Како што се наведува Јунајтед, кој минатата година плати 100 милиони евра на Јувентус за Пол Погба, ќе ја активира откупната клаузула за Нејмар и ќе му понуди 25 милиони евра заработка, девет пати повеќе од колку што заработува сега.

Нејмар го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, но „Спорт“ наведува дека доколку стигне ваква поннуда од „Олд Трафорд“ никој нема да остане рамнодушен.

Во меѓувреме Јунајтед мора да исполни еден  „мал услов“ и обезбеди настап во Лигата на Шампионите следната сезона.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -