10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Најсреќниот ден во мојот живот се претвори во кошмар – сведоштво на Скопјанка за загубата на мајката во Стајковци пред две години

Беше истиов ден, но пред две години.. сега пеат птици и сонцето грее, но тогаш имаше страшни грмотевици чиниш Бог беше лут. Тој ден требаше да биде најсреќниот ден во мојот живот- го ставив во вера мојот син и му беше роденден….

Длабоко во себе ме измачуваше тешко чувство, како лошо предчувство но си реков од замор е… Гостите доаѓаа а тебе те немаше…

Цело време бев во исчекување на твоето доаѓање но тебе попусто те немаше… Таман кога музиката го започна славењето на светото крштение на твојот внук-стигна абер-абер дека си ја предла душата на Господа, абер дека си ги затворила очите засекогаш и си заминала во вечноста. Никогаш до тогаш не сум почувствувала толку силна болка во душата, светот се преврти наопаку, ми се споија небото и земјата.

Зарем без збогум замина??? без никакво наговестување?? без да се поздравиш со твоите внуци кои не престано прашуваа за тебе?? Чинев во лош кошмар сум и молитви кон Бога упатував низ солзи за да ме разбуди…

Не сакав да се помирам со фактот дека сега повеќе сум сама… Те гледав како лежиш…исто камо да си заспала…со малку време оставено за збогум… Те преколнував да се разбудиш но попусто…те тресев и гушкав ама ти не се разбуди…те полевав со солзи и болен крик и силно копје пронижено низ срцево проколнувајки те да да се разбудиш, но залудно…солзи ти течеа од твоите заспани очи како да можеше да го начуеш мојот бол…ооо боже каде те испраќам, во неповратноста…во светот каде што повеќе нема никогаш да те видам и чујам, да те прегрнам и помирисам… Мирисот на свежо цвеќе и свеќи што согоруваат се уште ми е во ноздрите…

Те изгубив засекогаш… И после 2 години не можам да се помирам дека те нема…ми фалиш за да ти се исплачам, за да ја потпрам мојата глава на твоето рамо и да ти кажам-“помогни ми мамо”.Почнав во сечии кафени очи да те барам тебе, да ја барам мајката која ја изгубив, но само едена жена може да те свати и разбере-таа што те родила…

Кандилото трепери-душата ми плаче… Лицето ставено на твојот ладен мермер-слика изрезбана на камен и поглед кој чиниш право во мене гледа…
Шепотев и плачев, ти кажував за сите искушенија со кои се соочив откако те нема, а ладен молк од твоја страна…

Живеам само со спомените кои не ми се доволни.

Живеам само со лекциите кои ми ги даде во животот.

Недостигаш и болиш мајко мила

Фејсбук статус на Надица од Скопје

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави