fbpx
18.8 C
Skopje

НАТО: Враќањето на борците на ИД главен проблем на Балканот

АКТУЕЛНО

Еден од главните проблеми со кои се соочува балканскиот регион денес е враќањето во своите земји на лицата кои се бореле во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак, изјави претставник на НАТО задолжен за Балканот за белградскиот весник „Блиц“.

– Најголем проблем со кој се соочувате е враќањето на странските борци, главно од Сирија и Ирак, кои се обучени за војување и се радикализирани. Покрај тоа, тука се и проблемите со трговија со луѓе, наркотици и оружје, изјавил неименуваниот соговорник на „Блиц“.

Тој посочува дека единствен начин за справување со овие проблеми е зајакнување на соработката меѓу полициите и разузнавачките служби на земјите од западниот Балкан, која, според него, не е на нивото како во европските земји.

Според него, НАТО мора да биде важен фактор на Балканот, каде од 90-те години на минатиот век „имаше доста тешки настани“.

– Западниот Балкан е од клучна важност за НАТО, тоа е јасно. Соработуваме одлично со Белград, каде и имаме канцеларија, но и со Македонија која има силна желба да стане дел од Алијансата. Драго ми е што кризата таму заврши и во целост ја поддржуваме демократската Влада на Македонија, изјави неименуваниот соговрник на белградскиот весник.

Тој натаму посочува дека кога станува збор за Србија, нејзината соработка со НАТО е „далеку поголема отколку со Русија“. – Србија воено и економски многу повеќе соработиува со НАТО и ЕУ, отколку со Русија, вели претставникот на Алијансата, додавајќи дека воената неутралност не подразбира и неактивност во напорите за зачувување на мирот и стабилноста.

Во врска со Косово, претставникот на НАТО во изјавата за „Блиц“ нагласува дека иако сите земји членки на Алијансата не ја признаваат косовската незавосност, сепак се согласуваат оти „Косово мора да биде безбеден регион, кој нема да го загрозува мирот на Балканот“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -