Фудбалерот силно сака да премине во Барселона и каталонците бараат начин како тоа може да се случи, но трансферната сума дефинитивно е доста висока, особено за играч кој во следните денови ќе наполни 30 години.
Вилијан има договор со тимот од Лондон до 2020 година, а Барса и понатаму ќе се обиде да ја намали неговата цена со користење на еден од најголемите агенти на светот, Киа Џорабчиан.
Каталонците веруваат дека офанзивниот играч ќе се вклопи многу добро во тимот откако постигна 13 гола и 12 асистенции во последната сезона, но сигурно нема да даде 80 милиони за него.
Според списанието од „Камп Ноу“ веќе дале понуда од 50 милиони фунти (56 милиони евра) што е одбиена, но очигледно се ќе биде само прашање на преговори.