fbpx
6.8 C
Skopje

По завчерашното бегство на крокодил – од Зоолошка смируваат: Нема простор за паника

АКТУЕЛНО

Денес во скопската Зоолошка градина се поставувва нова заштитна ограда околу живеалиштето на крокодилите, откако завчера мажјакот Ганко, успеа да избега од живеалиштето, па ноќта ја поминал во езерото на патките.

„Живеалиштето на крокодилите е признаено од европската асоцијација ЕАЗА како едно од најдобрите живеалишта за рептили во Европа. Една од причините поради која крокодилот излегол од живеалиштето е тоа што оградата била оштетена од влечење од посетители. Затоа уште од утрово започнавме со поставување на нови сигурносни огради на живеалиштата“, изјави директорот Ѓорги Галетановски.

Крокодилот Ганко од живеалиштето избегал во вторникот вечерта и влегол во езерото кај патките. Истиот бил забележан во средата наутро, кога вработените започнале со работа. Со брза реакција повторно бил вратен во своето живеалиште.

„Крокодилите не можат да излезат додека има посетители оти тие немаат пристап, односно езерото е длабоко и е во внатрешноста на живеалиштето. Исто така, преку ден постојано околу живеалиштата има Зоо негуватели. Нема шанси да избега ниту од објектот на Зоолошката градина кој е соодветно заграден“, додаде директорот.

Засега во Зоолошката градина во Скопје има два крокодила, Ганко (мажјак) и Тина (женка).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -