16.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024
Платено политичко рекламирање

НЕСЕКОЈДНЕВНА РЕАКЦИЈА НА ГВАРДИОЛА ПО РЕМИТО НА СИТИ: ДА НЕ ВИДАМ НИКОГО ВО МАНЧЕСТЕР ТРИ ДЕНА!

Ремито на Манчестер Сити на гостувањето кај Барнли испровоцира несекојдневна реакција од менаџерот Пеп Гвардиола, на кого очигледно не му се допадна фактот што неговите фудбалери не искористија многу шанси со кои можеа да ја обезбедат победата пред домаќините да израмнат.

Шпанскиот стручњак по средбата им порача на сите во клубот да земат неколку слободни денови.

– Три дена одмор за сите. Фудбалери, тренери, доктори, терапевти, технички лица, не сакам да видам никого во Манчестер. Кога веќе следниот натпревар ни е за една недела, фудбалерите може да ја одморат три дена, со три тренинг сесии ќе се подготвуваме за Лестер, а потоа не очекува подготовка за дуелот со Базел од Лигата на шампионите. Добро е да одморат бидејќи од август сме имале само една недела одмор, а допрва доаѓаат најтешките натпревари, – вели Гвардиола.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави