fbpx
1 C
Skopje

Нимиц: Има добра волја за решавање на прашањето за името

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Односите меѓу Грција и Македонија се подобрија во изминатите неколку месеци и има добра волја на двете страни за изнаоѓање решение за прашањето за името, изјави медијаторот на ОН Метју Нимиц во интервју за Независната Балканска новинска агенција – ИБНА (Independent Balkan News Agency).

Посредникот во спорот меѓу Атина и Скопје, се надева дека разговорите за решевање на прашањето за името може да се забрзаат кон крајот на годинава, по изборите во двете земји.

– Двете земји дадоа збор дека се заинтересирани тоа да се направи. Односите се подобрија во последните месеци и очекувам поголема активност, изјави Нимиц.

Прашан дали ќе даде нови предлози, Нимиц вели дека ќе го направи тоа, но во вистинското време.

Истакнува дека во двете земји претстојат избори и сега не е добро време за фокусирање на прашањето за името, но очекува поактивен ангажман по нивното завршување.

За тоа дали верува дека можат да бидат надминати „црвените линии“ што ги поставија Атина и Скопје, Нимиц одговора потврдно.

– Да, постојат позиции на двете земји, можете да ги нарекувате црвени линии или сини линии, има и некои многу важни прашања за двете земји, но мислам дека тие можат да надминат и да се дојде до помирување, изјави Нимиц.

Според него, прашањето за името требало да се реши пред многу години, но за жал тоа не се случи. Нерешавањето на ова прашање сигурно влијае на стабилноста на регионот и затоа е важно да се реши. Затворањето на проблемот сигурно ќе придонесе за долгорочна стабилност и пријателство во регионот, смета Метју Нимиц.

Интерес за решавање на долгогодишниот спор, како што нагласува Нимиц, има и кај меѓународната заедница, особено кај ЕУ и САД.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дознај: Еве kои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е...

Девојkата сакаше да направи видео за повеќе лајкови и мислиме дека ѝ успеа

Колегите од „Мотика.мк“ успеаа да не насмеат со ова видео. Како што пишуваат тие, Идејата е видеото да ја направи популарна, можеби не како што...

Фатен е жив: Мажот кој дупчи гуми по Водно е сниман на камера

Повеќе сопственици на патнички возила последниве два месеци пријавиле во полициската станица Центар дека кога ќе станат наутро - откриваат дека гумите на нивните...

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...
- Advertisement -